Топ Новости

Десетчасовен застој на водоснабдувањето во Дојран

Петок, 30 Август 2019

Утрово од 5 часот Нов и Стар Дојран останаа без редовно водоснабдување. Причината за застојот беше слабата издашност на бунарите за водоснабдување кои поради сушниот летен период не можеа да ја задоволат потрошувачката на вода од огромниот број туристи и викенд посетители на Дојранскиот регион, изјавуваат од општина Дојран.

Екипи на јавното локално комунално претпријатие „Комуналец-Полин“ денеска работеа на терен за нивелирање на водните пумпи од бунарите „Топлец“ кај Нов Дојран и „Деребаш“ кај Стар Дојран со кои се снабдуваат двете населби. Издашноста на Топлец е 27 литри вода во секунда, а Деребаш е со помала издашност. Сепак и кај двата бунари требаше утрово да се интервенира со нивелирање на пумпите кај бунарите, односно да се спуштаат подолу од вообичаеното за да ја вршат својата функција.

Водоснабдувањето е повторно нормализирано после осумчасовна работа на екипите на „Комуналец-Полин“, а поради ридестите терени на населбите Нов и Стар Дојран дел од корисниците во погорните населби добија вода во своите објекти (викенд куќи) по 10 часовен застој на водоснабдувањето.

Водоснабдувањето е целосно нормализирано во сите реони во 15:00 часот.

Летната туристичка сезона продолжува на Дојранското крајбрежје без познатите августовки гужви, во мирната шир на плажите и растеретените угостителски објекти, каде можете да бидете услужени без да чекате ред.


Last modified on Петок, 30 Август 2019 - 16:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес на СДСМ: Зголемувањето на пензите реалност со СДСМ

Претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија Владислав

Повеќе

Гевгелија на меѓународна конференција за бегалците во Шпанија

Гевгелиски искуства од бегалската криза минатата недела беа пренесени на 5-та

Повеќе

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.