Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Четврток, 12 Септември 2019

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Вкупниот износ на долгот кој го побарува УЈП е 10.199.141.546,- денари, или 165.839.700,- евра

На Листата на должници регистрирани се вкупно 4.565 должници, од кои 1979 се правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2586 се должници физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).

Голем број јавни претпријатија и општини, но и познати македонски компании и бизнисмени, се најдоа на новата листа должници на Управата за јавни приходи.
Македонска радиотелевизија на УЈП и должи 32 милиони денари, Македонска радиодифузија должи околу 26,3 милиони денари, Комуналното јавно претпријатие Струга должи 16,7 милиони денари, општина Карпош должи 54 милиони денари…

Меѓу должниците се и ТЕ-ТО со долг од 464 милиони денари, кумановскиот бос Бајруш Сејдији со долг од 112 милиони денари, „Трансмет“ на сопственикот Сеад Кочан со долг од 77 милиони денари, винарската визба „Повардарие“ со долг од 70 милиони денари, „Урбан инвест“ со долг од 33 милиони денари, ФК „Вардар“ со долг од 10 милиони денари…

Од фирмите со седиште во општина Гевгелија има 70 правни лица должници на УЈП и 17 физички лица.
Меѓу нив, најголем долг има фирмата „ПИД“ ДООЕЛ експорт-импорт со долг од 7,3 милиони денари. Следуваат „ФЛОС Медикал“ ДООЕЛ експорт-импорт со долг од 5,5 милиони денари, „Гранд Мистик“ со 4,5 милиони денари.

На листата повеќе години се води и долгот на „Винојуг“ А.Д. Гевгелија, на МЛАЗ-транспорт, МЛАЗ-Пружини, МЛАЗ-патнички, од Богданци, „Дојранско езеро“ Нов Дојран.
Од физичките лица најголем долг од јужниот регион бележи Петрушев Илија Васил (роден 30.09.1948) со долг од 7.124.326,- денари по основ на неплатен Персонален данок од доход по други основи.


Last modified on Четврток, 12 Септември 2019 - 16:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.