Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Комуналец со три акции на Смрдлива вода

Петок, 20 Септември 2019

Локалитетот Смрдлива вода неделава е на „удар“ на изведбени и еколошки акции на вработените од јавното локално комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија.

Најпрво, во средата беше канализиран премин преку река, пред камперската населба во Смрдлива Вода. Порано овде имаше мост, но со надојдените води од реката беше однесен и остана отсечена населбата за пешаци, па се вртеше одозгора по асфалтираниот пат.
Екипи на ЈПКД „Комуналец“ со кипер и бетонерка, најпрво ја канализираа водата, поставија цевка за нејзин проток, а одозгора го бетонираа тампонираниот слој земја над поставената цевка за нормален проток на природната вода.

Втората акција е поставување на три чешми за пиење вода со корито и одвод, на локација - паркот на влезот од населбата Смрдлива вода. Ова е најчесто посетувано место од излетниците, со лулашки за децата, со постоља за скари без да се загрози природната средина и подади тоа е неопходна и вода за пиење за посетителите и намерниците на овој природен локалитет.

Летово, ова планинско летувалиште и лекувалиште поради познатата природна смрдлива вода и посетата на бројните иматели на викенд куќи, населбата пулсираше со живот. Отука потребата за вонредно чистење на локалитетот од сите несовесно фрлани отпадоци од посетителите. За таа цел, од ЈПКД „Комуналец“ најавуваат организиарање на еко-акција за чистење на Смрдлива вода. Утре, сабота, 21 септември по повод Светскиот ден на чистењето, од „Комуналец“ ги повикуваат граѓаните да им се придружат во акцијата, особено имателите на викенд куќи на локалитетот. Присутната механизација на ЈПКД ќе им биде на располагање да го соберат и исчистат секој отпад од нивните дворни површини. Старт на акцијата е во 10:00 часот. Секој еко активист е добредојден.


Last modified on Петок, 20 Септември 2019 - 19:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.