Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Изградбата на патот до санитарната депонија на Конско е во тендерска постапка

Среда, 25 Септември 2019

Неповратни средства за изградба на пристапниот пат до современата санитарна депонија над Конско, во вредност од 100.000 евра, обезбедува „Меѓународната организација за мигранти“ (ИОМ) која деновиве има распишан меѓународен тендер за реализација на истиот. Во тек е тендерската постапка за избор на најповолен изведувач на проектот “Ревитализација на патот за депонија кај с.Ново Конскои“, а рокот на пријавување на заинтересираните фирми е до 30 септември 2019 година, известуваат од Општина Гевгелија.

Патот ќе се протега од крстосницата кај Ново Конско до локацијата на Времената санитарна депонија на Кожуф. Дплжинската траса изнесува 2 километри. Во првата фаза ќе биде тампониран, а рокот за изградба според ИОМ е една година од почетокот на изведбените работи.

Проектот предвидува уредување на долниот и горниот слој од патот до Времената депонија, до фаза на тампонирање. Општина Гевгелија од своја страна ќе обезбеди довод на вода и струја до самата локација на депонијата. За таа цел веќе се започнати подготовките во ЈПКД „Комуналец“ за обезбедување на вода, а во тек се и разговорите со ЕВН за обезбедување на струја, согласно изработената проектна документација, известуваат од Општина Гевгелија која е корисник на наменскиот грант.

Со обезбедување на струја и вода до локацијата, како и со почнување на градбата на пристапниот пат до самата депонија, ќе бидат создадени услови не само за профункционирање на времената депонија, туку и за затворање на сегашната нелегална депонија, која се протега по брегот на Сува Река, чиј капацитет е одамна надминат и претставува сериозна закана за животната средина и здравјето. Од страна на УНДП паралелно се одвиваат активностите за реализација на проектот за ревитализација на дивата депонија со рехабилитација на целиот простор за која цел веќе се обезбедени 400.000 евра од грантот кој што беше наменет за изградба на Пречистителната станица кај Гевгелија, изјавија од локалната самоуправа уште во јули годинава.

Новиот пристапен пат ќе ја стави во комплетна функционална намена новата санитарна депонија на Конско која треба да донесе решение за комуналниот отпад во Општината и да и' стави крај на грдата слика на депонијата кај Сува река, која се наоѓа во близина на новата Пречистителна станица кај Вардар.

 

Last modified on Среда, 25 Септември 2019 - 18:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.