Топ Новости

Серменин и манастирот во Давидово добија асфалтен пат

Вторник, 05 Ноември 2019

Конечно завршија изведбените работи за асфалтирање на последната делница од патот Негорци - Серменин и за 767 метарскиот пат од Давидово до Манастирот „Свети Илија“ на ридот од Кожуфските висини.

Со тоа заврија осумгодишните проектни цепкања на минатата власт во градењето на патот кон планинското село Серменин, кој од година во година туристички заживува од имателите на семеен наследен имот во ова населено место од Гевгелиско и посетителите љубители на чист планински воздух и селска идила.
Завршува и неколкудецениската желба на жителите на Давидово нивниот манастир да добие пристоен асфалтиран пат, зошто истото е место на посета на жителите не само за „Илинден“ руку и за други празници, како и за сите туристички посети на ова место од дојденци да ги разгледат убавинте на подкожуфскиот крај.

Денеска екипа од локалната самоуправа предводена од градоначалнико Сашо Поцков, претседателот на Советот Тодор Ристов, со раководителот на секторот за урбанизам на општината и претставникот од изведувачот ДГПТ „Еуро-инг“ беа на местото на градбата и ги констатираа конечно завршените градежби дејствија на овие два патни правци во Општината. На таблата стои ознака дека Инвестицијата е инвестирана од Владата на РСМ од Агенцијата за поддршка на руралниот развој од програмата за 2018 година, а стартот на градежните работи започнача на 12.08.2019 година. За неполн месец, пред прослатава на Денот на Општината градежните работи се целосно завршени и колоната посетители може низ целиот должински пат асфалтно да се одвози до Серменин.

Последната делница од патот Негорци-Серменин, во должина од 1 км чинеше 8.783.103 денари, додека изградбата на патот од Давидово до манастирот „Свети Илија“, чинеше 9.534.311 денари.

- „Обновата на локалната патна мрежа, но и изградбата на нови патишта до одредени инфраструктурни објекти е од приоритетно значење за Општината, за локалниот Совет кој ги носи годишните програми за комунално уредување на Општина Гевгелија и за ѓителите кои го очекуваат тоа од нас како локална самоуправа“, потенцираше градоначалникот на општина Гевгелија, нагласувајќи дека дејствијата во таа насока продолжуваат во текот на годината, а во моментот, во тек е изградбата на патот до Времената депонија кај Ново Конско.


Last modified on Вторник, 05 Ноември 2019 - 19:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.