Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина милион евра

Недела, 17 Ноември 2019

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен награден фонд од 500.000 евра наменети за граѓаните кои скенираат сметки и напоредно со тоа очекуваат повраток на ДДВ на нивната трансакциска сметка, започнува од декември 2019.

Од следниот месец 170.000 граѓани кои скенирале сметки очекуваат повраток на 15% од износот на ДДВ-то од сметките кои ги скенирале изминативе месеци од почетокот на мерката „Мој ДДВ“. Досега се скенирани сметки во вредност од над 101 милион евра. Според податоците на УЈП граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе добијат поврат на ДДВ од 5 милиони евра на своие трансакциски сметки. Дополнително министерката за финансии најавува награда за граѓаните учесници во проектот со дополнителен награден фонд од половина милион евра.

- „МојДДВ покажува дека дава резултати за целта за која е наменет, односно над 150.000 луѓе активно скенираат сметки и на тој начин помагаат во решавањето на еден значаен проблем – сивата економија“, вели во интервју за МИА, министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Сакаме овој опсег уште повеќе да се прошири. За таа цел од средината на декември ќе започне МојДДВ #МојаНаграда. Наградниот фонд за играта ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии. Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна – односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија. Надградената мобилна апликација ќе содржи и едукативни елементи“, вели Ангеловска.

Од почетокот на примената на мерката #Мој ДДВ наплатата на ДДВ-то пораснало за 23,4% во однос на минатата година, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Last modified on Недела, 17 Ноември 2019 - 18:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во

Повеќе

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.