Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Собранието ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој

Петок, 22 Ноември 2019

Новите измени на Законот за земјоделство и руралниот развој што вчера го донесе Собранието носи новини и зголемени погодности за младите земјоделци и корисниците на мерките од ИПАРД програмата.

100 од сто се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од сегашните 10.000 на 20.000 евра. Мерката се однесува за почнување и вршење земјоделска дејност.

Олеснителни поволности има и за корисниците на мерките од ИПАРД-програмата и тоа предфинансирање за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи. Досега мерките значеа кофинансирање за проекти наменети за инвестиции во изградба и реконструкција на преработувачки капацитети по принципот 50/50. (половина износ покрива ЕУ фондовите со ИПАРД програмата, а другата половина земјоделецот инвеститор).
Сега, со измените на Законот се овозможува предфинансирање, односно инвеститорот ги добива парите однапред пред да вложи за да може да инвестира. Конкретно, сопственото учество на инвеститорот се покрива од националниот буџет, кој има обврска на 8 еднакви годишни рати овој дел да го врати без камата. Тоа ќе биде утврдено со договорот за користење на оваа финансиска помош.

Помошта им се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување опрема и воспоставување капацитети за постбербени активности. Корисникот на помошта е должен пред склучување на договорот до Агенцијата да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вредност на одобреното предфинансирање во согласност со фазите за реализацијата на инвестицијата како гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

Со законските измени ЈП Национални шуми ќе може да користи финансиски средства од Програмата за рурален развој за обновување на опожарените делови од шумскиот фонд, како и за воспоставување едукативни патеки, видиковци и друга мала инфраструктура (рекреациски патеки, платоа, информативни знаци, информативни плочи, натстрешници и други објекти за јавна употреба) и маркетинг на дрвни и недрвни шумски производи.

Со дел од измените на Законот за земјоделството и руралниот развој се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите што имаа побарувања од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“. Станува збор за 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите, а кој го исплати Владата на Република Северна Македонија. Со овие измени практично ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари што не ги имаа добиено парите од винарниците „Повардарие“ и „Стефани“ за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Last modified on Петок, 22 Ноември 2019 - 03:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.