Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Промовиран додаток на плата за млади до 23 години

Петок, 22 Ноември 2019

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и со директорката на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, во компанијата „Римес“ ја промовираа оваа мерка.

Oваа значајна мерка за младите е усвоена на 164-та седница на Владата и до младинскиот додаток ќе имаат пристап младите кои се вработени со задолжително социјално осигурување кај работодавач или се самовработени во компании со претежна производствена дејност; младите кои што се вработени преку приватна агенција за вработување на работа кај работодавач со претежна производствена дејност, како и младите индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Со воведувањето на младинскиот додаток Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во државата, вклучувајќи ги и младите лица, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска соопшти дека младинскиот додаток ќе се доделува преку Агенцијата за вработување со едноставна постапка за апликација за мерката.

„Ги повикувам младите вработени до 23 години во производство во Агенцијата да поднесат барање и трансакциска сметка за да може да го остварат ова право. Ова важи и за новите вработувања во производствената дејност. Во целиот овој процес АВРМ ќе соработува директно со младите вработени и нема да има посредување со компаниите”, рече Јовановска.




Last modified on Петок, 22 Ноември 2019 - 18:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.