Топ Новости

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Четврток, 26 Март 2020

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се едни од мерките кои ги прифати Банкарскиот сектор, а по Одлука со сила на законска Уредба донесена од Владата на РСМ, во средата, објави денеска Народна Банка на РСМ, која ги задолжи банките да постапат по Уредбата.
Граѓаните може да почнат да бараат одложување на плаќањето на кредитите, пониски камати, поповолно задолжување…
– „Се овозможува навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит“, изјави гувернерката на Народна Банка на РСМ.

Во Уредбата се утврдува како ќе можат банките и штедилниците во текот на вонредната состојба, на граѓаните и на фирмите, да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со коишто ќе им го олеснат отплаќањето на кредитите за време на корона-кризата. Со Уредбата се овозможува побрза и поедноставна промена на договорните услови за кредитите, без да се загрози јавното здравје – без да се посетуваат експозитурите и филијалите и без да се чека во ред на шалтерите заради потпишување на анексите на договорите.

Банките и штедилниците можат да понудат поповолни договорни услови и без претходно да имаат добиено барање од засегнатите клиенти, и тоа преку:

- објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или

- одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно од добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена.

За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена.

Секако, останува и правото на кредитокорисниците да се обратат до банките и штедилниците, доколку оценат дека има потреба од тоа. Притоа, предвидено е тие да можат се обратат електронски или писмено, а одговорот ќе го добиваат преку електронска комуникација.

Како што веќе беше соопштено, во согласност со донесените регулаторни измени, банките и штедилниците ќе можат да им понудат повеќе поволности на засегнатите граѓан и фирми:

- одложување, односно грејс-период за отплата на кредитите;

- пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;

- пониска каматна стапка и сл.

Ова важи за сите кредитни производи:

- потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн.;

- кредитни картички;

- дозволено пречекорување (одобрен минус);

- кредити на фирмите.

И во текот на изготвувањето на Уредбата, банките и штедилниците истакнаа дека се подготвени да им одговорат на потребите и барањата на кредитокорисниците погодени од корона-кризата.


Last modified on Четврток, 26 Март 2020 - 19:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.