Бензинот поевтинува за 2,5 денари, дизелот за 4

Понеделник, 27 Април 2020

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново драстично намалување на дериватите за дури 7,76% во однос на цените кои важеа минатата недела. Оваа намалување
ќе значи паѓање на цените дури и под прагот на покачената акциза и драстично намалување на цената по литар од 2 до 4 денари за поедините деривати.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52 денари.
Најголемо намалување на малопродажната цена ќе има кај дизел горивата од цели 4 денари поефтино за 1 литар. Така, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари што е намалување за 4 денари во споредба со досегашната цена.

Екстралесното масло ќе се продава по цена од 30,50 денари за литар, а мазутот по 16,945 денари.

Новите цени на дериватите се согласно новиот тарифник на Регулатoрната комисија за енергетика. Од Регулаторна информираат дека клучни фактори што влијаат на крајната цена се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.


Last modified on Понеделник, 27 Април 2020 - 13:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.