Ангеловска: Мерката 14.500 по вработен ќе заштити 200.000 работни места погодени од корона кризата

Недела, 10 Мај 2020

Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен е добро дизајнирана и за неа се имаат пријавено околу 24.000 компании и околу 6.000 самостојни вршители на дејност. Во гостување на телевизија 24 министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека е задоволна од одзивот на компаниите, како и дека има податоци дека изминатите неколку дека работодавачите вратиле околу 500 работени на работа за да ја користат мерката.

Ангеловска, како што соопштуваат од Министерството за финансии, рече дека одѕивот на фирмите е голем, а за колку работници станува збор, ќе се види кога компаниите ќе го пополнат мпин образецот. Во однос на компаниите од погодените индустрии како угостителство и туризам, Ангеловска рече дека најголем број од регистрираните фирми од оваа дејност се пријавени.

Вкупно во угостителство и туризам има 4.400 субјекти регистрирано во државата, значи ако ги земете бројките од пријавените од овие сектори, најголем број се пријавиле за користење на мерката. Интересот на компанииите за мерката покажува дека таа била добро дизјанирана, дека компаниите се задоволни, заинтересирани да аплицираат. Ќе видиме точно колку работни места ќе поддржи мерката, кога ќе ги пополнат МПИН образците, но ни дава за право да кажеме дека ќе бидат заштитени голем број на работни места, што беше и целта на мерката. Ние очекувавме и калкулиравме дека мерката ќе заштити околу 200.000 работни места, рече Ангеловска.

Во однос на промените на уредбата, Ангеловска рече дека имало флексибилност и дијалог за сите засегнати страни да бидат задоволни. Таа посочи дека никогаш не се поддржувало отпуштање работници, туку во интерес на работниците требало да се ограничи намалувањето на бројот и на определено и неопределено време, додека во сите други земји за вакви слични мерки се ограничува бројот на испуштени работници само на неопределено време.

Во последната уредба се само транспонирани точките од Законот за работни односи. Единствената промена беше земање на месец април, додека дадовме и можност оние компании кои што испуштиле дел од работниците, го намалиле бројот на вработени да можат да ги вратат до 7 мај, се со цел за да ги заштитиме и тие работни места. Околу 500 вработени до вчера беа вратени назад на работните места кои биле одјавени. Ниедна држава нема интерес да се отпуштаат вработени, која држава би сакала да има поголема стапка на невработеност. Ние се трудиме да ги задржиме луѓето продуктивни на работните места затоа што подобро е да бидат на работните места за кога ќе почне фазата на обнова таа компанија побрзо да се опорави отколку да кажеме дека ќе ги згрижи системот, рече Ангеловска.


Last modified on Недела, 10 Мај 2020 - 13:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.