Од утре на летување на државен трошок - Ваучерите за туризам стапуваат во функција
Туристичкото лето и капацитетите од понудата на домашните летни, бањски, планински туристички одморалишта ќе почнат да се полнат. Почнуваат да важат и да се користат Ваучерите за туризам што ги добија граѓаните.
Сите граѓани кои ги исполнија условите и добија ваучери за туризам ќе може да ги искористат во некој од сместувачките капацитети кои се вклучени, самостојно пријавени да бидат дел од проектот. Ваучерите ќе можат да се користат во период од следните шест месеци, односно почнувајќи од утред 15 јули, па се' до 15 декември годинава.
Со ваучерите во вредност од 6.000 денари, кои ги добија 117.122 граѓани, тие ќе можат да се смесат во некои од домашните капацитет. Владата очекува да го промовира и да го помогне домашниот туризам. Агенцијата за туризам очекува годинава домашните гости да направат повеќе од два милиона ноќевања.
Дестинацијата на која ќе може да летуваат или зимуваат ќе може да ја изберат преку Платформата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk на која се објавени хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.
Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар