ОКШ-Гевгелија: Угостителите и организаторите на панаѓурски средби да ги почитуваат ковид мерките

Четврток, 23 Јули 2020

Општинскиот штаб за безбедност и заштита кој ги интензивира своите седници и акции со почетокот на корона епидемијата во земјата, на својата денешна редовна седница донесе мерки кои се однесуваат на угостителите од Општина Гевгелија, но и на неколку Месни заедници кои се баратели на организирање групни прослави по повод празникот Свети Илија.

Општинскиот кризен штаб апелира до сопствениците на угостителските објекти и гостите за доследна примена и почитување на Протоколот за работа на угостителските објекти донесен од Владата на РСМ на предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести во државата, како и на мерките за лична заштита и дистанца.
Истовремено, ОКШ побара уште еднаш да биде организиран состанок со сопствениците на угостителски објекти заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, претставници на ОВР- Гевгелија, Државниот пазарен инспекторат, УЈП, Агенцијата за храна и ветеринарство ПЕ Гевгелија, Државниот санитарен здравствен инспекторат, Трудова инспекција, се' со цел вклучување на овие институции во детектирањето на нивото на почитување и доследна примена на Протоколите за работа и заштитните мерки од Корона вирусот.

Општинскиот штаб од надлежните државни органи и општински служби побара позасилена контрола на работењето на угостителските објекти, почитувањето на протоколите за работа и на законските одредби за работно време, бучава, број на гости (со намален капацитет на астали од 50%).

Во врска со Барањето на Црковниот одбор во Давидово за организирање на традиционалниот настан по повод 2 Август – Илинден со подготвување на вечера и ручек во манастирот „Св. Илија“, како и другите слични барања за организирање на традиционалните одбележувања на 2 Август во Конско, Серменин и другите населени места, Општинскиот штаб побара настаните да се организираат строго според Протоколите за организирање на јавни и други настани на отворен простор. Односно, со задолжително носење на заштитни маски на организаторите и гостите, задолжително одржување на физичка дистанца од 2 метри, поставување на редарска служба и другите предвидени мерки.
Согласно протоколите, се забранува служење и поставување на штандови и маси со храна и пијалоци, а што се однесува до подготвување на традиционалните „курбан“ јадења, истите можат да се подготват, но без собирање и заедничко славење.

Општинскиот штаб заклучи да се продолжи со дезинфекција на улиците и јавните површини, која ќе се изведува двапати месечно.



Last modified on Четврток, 23 Јули 2020 - 19:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.