Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Среда, 23 Септември 2020

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со која, разговорите со лозарите и винарските визби добија правна рамка, односно донесени се одлуки за кубвионционирање на лозарите за предаденото грозје, како посебна ковид мерка.
Со тоа се потвдува грижата и брзата реакција на институциите за последиците предизвикани од пандемијата Ковид-19 и од климатските промени кои дирекно влијаеа на квалитетот на грозјето.
Владата предводена од премиерот Зоран Заев и ресорното министерство (МЗШВ) предводено од министерот Хоџа, покажаа дека се партнери со сите засегнати страни.

Одлуката е следна:
- 4 денари поддршка од Ковид програмата за сите лозари чије грозје ќе се откупи за преработка на производи од вино и вински дестилат;
- 2 денари поддршка од Ковид програмата за цело предадено грозје во винарските визби.
- останува 2 денари поддршката од програмата за директни плаќања со што освен за сортите Смедеревка и Вранец се проширува и за другото високо сортно грозје;
- 20% супституција на транспортот за извоз на наливно вино и 30% за флаширано вино;
- ќе се поддржат сите извезувачи на винско грозје на следен начин: 2 денари за извезено грозје до 12 милиони килограми; 3 денари за извезено грозје од 12 до 25 милиони килограми и 4 денари за над 25 милиони килограми извезено грозје.

Исто така, од Министерството за земјоделство и Владата очекуваат, според договореното, сите винарски визби да се придржуваат на договорените цени од претходните состаноци.
Зборот е збор! - посочуваат од МЗШВ.


Last modified on Среда, 23 Септември 2020 - 15:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.