На првиот ден од „викендот без ДДВ“ вчера (10 октомври) прометот од македонски производи е зголемен за три пати, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП) по обработката на податоците.
Трите дена од продолжениот викенд граѓаните можат да ги искористат за набавка на домашни производи или ИТ технологија, а за тоа УЈП ќе им извши целосен поврат на исносот на ДДВ од купената стока.
Мерката трае до понеделник, 12 октомври, и во рамките на ова мерка се предвидува да има поврат на ДДВ од 100% за сите граѓани кои купуваат домашни производи и технолошка опрема. Фискалната смета не треба да има вредност повисока од 30 илјади денари и тие треба да се скенираат во апликацијата „МОЕ ДДВ“ во рок од три дена од купувањето на производите.
Знаејќи дека денеска (недела) е викенд и дуќаните се затворени, освен угостителските објекти, маркетите и табакоата гевгеличани досетливи уште во текот на неделата ги посетија салоните за мебел и салоните со техничка роба за да одберат што ќе купат овој викенд за да остварат најголем поврат на ДДВ кое го овозможува најновата мерка на Владата за ублажување на ковид ефектите во економијата. Така во салоните за мебел однапред се издаваа фактури, се потпишуваа договори за набавка на мебел, седечки гарнитури, трпезериски комплети, кујнски елементи, по препорака да се од домашни компании. Со почетокот на „Викендот без ДДВ“ во саботата истите клиенти кои веќе склучиле договори за набавка на мебел беа услужени со фискална сметка со која купувачот преку скенирање на истата во рок од три дена може да очекува повраток на 100% од пресметаниот и исплатен ДДВ кон трговецот.
Вака беше и во салоните за техничка роба. Единствено овде граѓаните се пожалија дека наместо регуларните цени, трговците ја дочекале мерката за да ги покачат цените на компјутерите, лаптоповите, таблетите.
Мерката „викенд без ДДВ“ трае и денеска, а ќе продолжи и утре. Ова е една од антикризните мерки на Владата кои се дел од четвртиот пакет економски мерки.
Со оваа мерка ќе се поддржи домашната економија преку поттикнувањето на продажба на домашни производи и услуги. Се проектира дека ќе се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар