По вчерашната презентација на новиот електронски систем за достава на електронски сметки, одржана пред бизнис заедницата и сметководителите, Централниот регистар на Македонија отвара ново поглавје во својата работа и значитело олесување на процедурата за достава на годишните сметки.
Системот ќе почне да се применува со доставување на претстојните обврски на фирмите за доставување на годишните сметки за 2013 година, поради што крајниот рок е продолжен до 15 март.
Ваква обврска за користење на системот ќе се применува за големите и средните претпријатија, чија бројка е околу 1.000. Според премиерот Никола Груевски, оваа мерка е уште еден чекор за олеснување на деловното работење на фирмите.
„ Успеавме да докажеме дека шалтерите и хартијата во многу случаи можат да се заменат со електронско комуницирање, успеавме да докажеме дека многу административни бариери кои ги мачеле фирмите во минатото, да се скратат или воопшто да не постојат, докажавме дека граѓаните не мора да чекаат по шалтери за разни документи, туку дека институциите може да се поврзат и да користат меѓусебни електронски бази на податоци за вадење документи“, истакна премиерот.
Директорот на Централниот регистар на Македонија, Ванчо Костадиновски, посочи дека улогата на Регистарот е реформаторска и оти овој систем е во насока на подобрување на условите за водење бизнис.