Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Блокирани околу 20.000 трансакциски сметки на граѓаните

Вторник, 11 Февруари 2014

Националните Банки во државата по барање на УЈП деновиве блокирала 18.950 трансакциски сметки на граѓаните врз основа на решенија на УЈП за присилна наплата на неплатен долг од три износи за радиодифузна такса, не поголем од 570 денари

Сметките на дваесетина илјади граѓани од државата, поради неплатени долгови за радиодифузна такса, деновиве се блокирани, по налог на Управата за јавни приходи. Гражаните немаат пристап до парите на своите трансакциски сметки се’ додека не биде подмирен долгот, заедно со банкарскиот паушал да деблокада на сметката. Управата за јавни приходи доставила до банките 18.950 решенија за присилна наплата наоваа законска јавна давачка.  Месечниот износ на радиодифузната такса е 190 денари, а решенијата за присилна наплата се однесуваат на обврзниците кои не платиле најмалку три или повеќе сметки, што знаи најмалиот можен износ за блокада на трансакцискиот промет на граѓаните е 570 денари. Основ за постапка е ЗРД, а се однесува за периодот од август 2012 година до јули 2013 година.

Сумата која ја должат овие граѓани, иако не е висока, сепак, ќе им биде запрена директно од трансакциските сметки во моментот кога ќе имаат прилив од плата, пензија или по некој друг основ. Деновиве банките се полни со граѓани кои на шалтерите бараат информации од која причина сметките не им се активни. Некои од нив се жалат дека не биле информирани дека им се заканува присилна наплата со блокирање на сметката.

„Пред неколку месеци добив известување дека не ми се платени некои сметки за радиодифузна такса. Тогаш платив неколку, но деновиве сметката ми беше блокирана, бидејќи ми останале повеќе од три неплатени“, вели скопјанка, која во една од банките бараше информација кога ќе и' бидат одмрзнати средствата на сметката. Оттаму ја информираа дека тоа ќе биде сторено откако ќе си го плати долгот.

Таа се жали дека минатата година неколку месеци воопшто не добила фактура на домашната адреса за радиодифузната такса. Сметките за радиодифузна такса по извесно време повторно почнале да стигнуваат, но иако биле со големо задоцнување, од граѓаните се бара тие сите да бидат намирени.

Во УЈП информираат дека присилната наплата по основ на радиодифузна такса е редовна активност на Управата. Велат дека бројката од речиси 20.000 решенија е близу просекот на блокирани сметки и не е резултат на пообемна акција. Цел се должниците кои не платиле поголем број сметки и тоа во одреден период. Во УЈП нагласуваат дека меѓу сопствениците на блокираните сметки нема граѓани кои не си ги намириле долговите од јули лани, па досега. Информацијата за заостанатиот долг е испечатена и на долната лева страна на секоја фактура која ја добиваат граѓаните, па оттаму не можат да кажат дека не биле информирани, потенцираат во УЈП.

„Според податоците што ги добиваме од базата на податоци на Македонската радио-телевизија, во нашата земја има над 426.000 обврзници на радиодифузна такса. Поради тоа сметаме дека бројката од 18.950 решенија за присилна наплата не е голема“, објаснуваат во УЈП. Оттаму нагласуваат дека сите граѓани претходно биле опоменати дека имаат долг ќе следуваат санкции.

„Доколку граѓаните и по доставувањето на опомените не го платат долгот во наведениот рок од опомената, Управата се обраќа до банките и пристапува кон присилна наплата“, објаснуваат во УЈП.

Радиодифузната такса изнесува 190 денари и ја плаќаат и граѓаните и правните лица. Но, сумата која се плаќа секогаш е повисока од таксата, поради провизијата која секој обврзник мора да ја плати на банката или во пошта. Најниската провизија изнесува 25 денари од сметка. Во некои банки и во „Пошта“ најчесто провизијата е 40 денари, а некаде оди и до 70 денари, или повеќе од третина од месечниот долг на фактурата.

Фрапантен раст на бројот на блокирани сметки поради неплатена рата, сметка, по различни основи. Последните податоци објавени на веб-страницата на Народна банка на Македонија покажуваат дека минатиот месец биле замрзнати 207.086 сметки, од кои 64.479 биле на фирми, а 142.607 на граѓани. За разлика од јануари, во последниот месец минатата година, од различни причини биле блокирани 175.599 сметки, или 31.487 помалку. Најголемиот дел од оваа разлика, или 30.657, отпаѓа на блокирани сметки на граѓани, а многу помалку на оние на фирмите. Драстична е разликата и меѓу бројките од минатиот месец и оние од истиот период во 2013 година. Така, првиот месец лани вкупно биле блокирани 146.855 сметки, од кои 60.563 на правни лица и 86.292 на граѓани.

Last modified on Среда, 12 Февруари 2014 - 23:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.