Собранието ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој

Петок, 22 Ноември 2019

Новите измени на Законот за земјоделство и руралниот развој што вчера го донесе Собранието носи новини и зголемени погодности за младите земјоделци и корисниците на мерките од ИПАРД програмата.

100 од сто се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од сегашните 10.000 на 20.000 евра. Мерката се однесува за почнување и вршење земјоделска дејност.

Олеснителни поволности има и за корисниците на мерките од ИПАРД-програмата и тоа предфинансирање за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи. Досега мерките значеа кофинансирање за проекти наменети за инвестиции во изградба и реконструкција на преработувачки капацитети по принципот 50/50. (половина износ покрива ЕУ фондовите со ИПАРД програмата, а другата половина земјоделецот инвеститор).
Сега, со измените на Законот се овозможува предфинансирање, односно инвеститорот ги добива парите однапред пред да вложи за да може да инвестира. Конкретно, сопственото учество на инвеститорот се покрива од националниот буџет, кој има обврска на 8 еднакви годишни рати овој дел да го врати без камата. Тоа ќе биде утврдено со договорот за користење на оваа финансиска помош.

Помошта им се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување опрема и воспоставување капацитети за постбербени активности. Корисникот на помошта е должен пред склучување на договорот до Агенцијата да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вредност на одобреното предфинансирање во согласност со фазите за реализацијата на инвестицијата како гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

Со законските измени ЈП Национални шуми ќе може да користи финансиски средства од Програмата за рурален развој за обновување на опожарените делови од шумскиот фонд, како и за воспоставување едукативни патеки, видиковци и друга мала инфраструктура (рекреациски патеки, платоа, информативни знаци, информативни плочи, натстрешници и други објекти за јавна употреба) и маркетинг на дрвни и недрвни шумски производи.

Со дел од измените на Законот за земјоделството и руралниот развој се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите што имаа побарувања од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“. Станува збор за 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите, а кој го исплати Владата на Република Северна Македонија. Со овие измени практично ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари што не ги имаа добиено парите од винарниците „Повардарие“ и „Стефани“ за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Last modified on Петок, 22 Ноември 2019 - 03:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.