Законска исплата на К-15 за работниците во приватниот сектор до 31 декември

Петок, 13 Декември 2019

До крајот на 2019 година сите оние што работат во приватни фирми, мора да добијат регрес за годишен одмор, или во јавноста познат како К-15 исплата. Според пресметките, годинава К-15 ќе изнесува, почнувајќи од минимални 10.088 до 14.985 денари.

За оние кои не се запознаени, пресметката за К15 се прави според 40 отсто од износот на просечната нето плата исплатена во последното тромесечје поточно 40 отсто од износот на просечната бруто плата во тримесечниот период.

Но за еден вработен во приватна фирма да може да добие регрес за годишен одмор или К 15 мора да исполнува неколку услови. Потребно е вработениот да бил на служба во фирмата најмалку шест месеци во календарската година за која ја добива исплатата..

Право на К-15 има секој вработен еднаш во годината.

Фирмите имаат рок до 31 декември 2019 година за исплата на К-15, во спротивно следува казна од 2.000 до 3.000 евра која би ја платило правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорното лице .

Но и покрај тоа што се донесени сериозни парични казни, дел од газдите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш.


Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината.

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор.

Истовремено, од МТСП ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Напоменуваат дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.


Last modified on Петок, 13 Декември 2019 - 19:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.