Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни цевки

Петок, 24 Јануари 2020

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема градежната иницијатива во своја надлежност - се гради канализациона линија во северозападниот дел на Негорци. Се работи за траса долга 800 метри, а напоредно се заменуваат и дотраените водоводни цевки.
- „Со овој зафат ќе се обезбеди канализационен приклучок за 30 домаќинства кои живеат во централниот дел на Негорци, кои досега немаа канализација, што претставуваше сериозен проблем“ изјави дирелторот на ЈПКД „Комуналец“ Златко Зумров.

Со тоа, гевгелиското комунално претпријатие освен обезбедувањето на чиста вода за пиење, собирањето смет и комуналните услуги додаде уште една дејност во својата работна преокупација, а тоа е самостојна изградба на канализациони мрежи и реконструкција на водоводната мрежа.

Вчера на терен беа претставници од претпријатието и Општината, директорот на „Комуналец“ и градоначалникот на општина Гевгелија. При обиколка на населбата тие во непосредна средба со  жителите на Негорци и љубопитните минувачи ги известија за целта на градежните зафати.

- „Тргнувајќи од потребите на граѓаните кои живеат во центарот на ова населено место, а сепак досега немаа канализација, се одлучивме да инвестираме и изградиме нова канализациона линија. Градежните работи и поставувањето на канализациониот цевковод ги изведуваат нашите служби. Паралелно со изградбата на нова канализациона линија и нејзино приклучување на канализационата мрежа во Негорци, вршиме и замена на дотраените водоводни цевки. На овој дел од населбата ќе биде обновена целата водоводна линија, изјави директорот на ЈПКД „Гевгелија“, Златко Зумров.

Според градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, ова не е единствениот инфраструктурен зафат во Негорци. Неодамна беа бетонирани сокаците на улицата „Ѓорге Велков“ кои по секој дожд беа поплавени. Исто така, деновиве заврши и уредувањето на тротоарите во центарот на населбата, со поставување бекатон плочки  покрај главната сообраќајница во ова населено место.
Привилегијата да ги добијат градежните оперативни услуги од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, без да се ангажира фирма изведувач, имаа жителите од Негорци и на овој начин се намалува оптеретувањето на локалниот буџет за такви градежни намени.


Last modified on Петок, 24 Јануари 2020 - 01:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.