Се шири паркот ветерни електрани кај Богданци - тендерот е распишан

Понеделник, 03 Февруари 2020

Отпочнува реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на Парк на ветерни електрани кај Богданци. На 29 јануари беше објавен повикот за претквалификација за избор на компании за набавка и изведба на ветерните турбини и за изградба на пристапните патишта и кабловската мрежа, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Во втората фаза од овој проект ќе се изврши зголемување на постоечкиот капацитет на ветерниот парк во Богданци за дополнителни 13,2 до 15 мегавати, со што вкупната инсталирана моќност на овој енергетски капацитет ќе се искачи на 50 мегавати. Бројот на инсталирани ветерни турбини во паркот ќе зависи директно од моќноста на секоја поединечна ветерна турбина што ќе ја понудат компаниите на тендерот. Планираната инвестиција во проширување на ветерниот парк е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра се од германската KfW банка и 3 милиони евра се сопствени средства на АД ЕСМ.

Тендерот е поделен на два лота, а сите заинтересирани компании треба да се пријават преку порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest), која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија. Набавката и евалуацијата во тендерската постапка ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Рокот за доставување на апликациите е 2 март 2020 година.

Првата фаза од изградбата на ветерниот парк беше завршена во 2014 година, кога беа пуштени во употреба 16 ветерници со инсталирана моќност од 36,8 мегавати. Редовното производство на електрична енергија од овој капацитет започна во летото 2015 година, дополнуваат од „Мета“.

 

Last modified on Понеделник, 03 Февруари 2020 - 15:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.