Законот за игрите на среќа, во понеделник ќе се разгледува пред Комисијата за финансии, во предлог верзија по скратена постапка, со најава дека повеќето пратеници ќе го поддржат и донесат законот кој предвидува објектите на игри на среќа да бидат оддалечени најмалку три километри од градската средина.
По застојот подолго од една и пол година, Предлог-законот за игрите на среќа ќе биде во понеделникот во Комисијата за финансии во Собранието, по скратена постапка. Пратениците на ДУИ велат дека имаат позитивни сигнали од повеќе пратеници кои ќе го поддржат законот. Не сакајќи да зборува пред камера, пратеникот Ејуп Алими вели дека ќе се обидат да го донесат законот пред да се распушти Собранието, изјави тој за „Алсат-М“. Додека од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката и претседателката на Комисијата за финансии, Лилјана Кузмановска рече дека на седницата закажана за понеделник овој Предлог-закон ќе биде на дневен ред. Но, не сака да каже дали тие ќе го гласаат за или против. Од СДСМ, пратеникот Јован Митревски рече дека ќе го поддржат Предлог-законот.
Пред една и пол година, Движењето „Анти-коцкање“ започна протести против растечкото отворање на нови обложувалници и казина во близина на училиштата, населените места и во центрите на градот. Пратениците на власта ветија дека ќе го подготват законот. Беше поднесен до Собранието и се одржаа неколку јавни расправи. Во овие расправи, Движењето „Анти-коцкање“ и другите здруженија за борба против коцкање бараа да се преземат строги мерки за отворање на казина, обложувалници, но и затворање на оние кои се наоѓаат на несоодветни места, особено каде поминуваат учениците и тинејџерите.
По дебатите, овој предлог-закон не премина во втората фаза и оттогаш е заглавен во собранието.
Предлог-законот за игрите на среќа, на 131-та седница, повторно беше поднесен по скратена постапка каде пратениците ја поддржаа потребата овој закон да се донесе. Доколку овој предлог-закон оди во втора фаза, тогаш игрите на среќа ќе мора да бидат лоцирани на три километри од населените места.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може