Расте листата на должници кон УЈП

Четврток, 13 Февруари 2020

Фирми во стечај, но и спортски клубови меѓу најголемите неплаќачи на данок во УЈП.
Се трупаат долговите, ама расте и бројот на црната листа на должници и правни и физички лица.
На Листата на должници бр.02/2020 објавени се 2071 должници - правни лица (повеќе за 76 од претходната листа) и 2529 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2020 изнесува 10.195.548.760 денари, повеќе за 189.116.316 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари (повеќе за 156.322.034 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (повеќе за 32.794.282 денари од претходната листа).

Закотвен на врвот и на оваа листа е ТЕ-ТО. Неговиот долг изенува 1,3 милијарди денари.
Второто место упорно пак го држи поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо „Ел дон Кастило“ со долг кој изнесува нешто над 470 милиони денари. Индустрија Ел азтека е трет најголем должник на УЈП.

Место меѓу должниците си фатиле неколку претпријатија во државна сопственост. Па така Македонската радио телевизија има долг од 15,1 милиони денари, ЈП за стопанисување со спортски објекти должи 51 милион денари за данок, додека на листата уште се наоѓа и РК „Вардар“ кој има долг од 22,6 милиони денари и од каде ракометарите почнаа да си одат поради финансиските проблеми на клубот.

На листата се наоѓаат и 94 должници од Гевгелија, и тоа 63 правни лица (фирми) и 31 физичко лице, даночни обврзници поединци кои имаат вкупен долг од 50 милиони денари за неплатен ДДВ, над 13,5 милиони денари за неплатен Данок на добивка за минатата 2019 година и 12,4 милиони денари за неплатен Персонален данок.

Најголем должник од Гевгелија е ПИД -ДООЕЛ експорт импорт со обврски кон УЈП во вредност од 6,5 милиони денари, втор е „Флос медикал“ ДООЕЛ експорт импорт со 4,5 милиони денари долг за ДДВ и Данок на добивка за 2019, трет е „Гранд мистик“ со обврски од 3,57 милиони денари. Меѓу физичките лица има адвокати, сопственици на бутици, нотари, транспортери и други самостојни вршители на дејност кои се даночни обврзници, со неисплатени доспеани обврски за 2019 година.


Last modified on Четврток, 13 Февруари 2020 - 13:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.