Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија беше најавено дека покрај поставувањето на бекатон плочки ќе биде планиран простор и за садење на дрвца. Неделава новиот дрворед веќе е засаден и гордо се издига во просторот.
Уредувањето на тротоарите на улица „Миле Пецанов“ започна кон средината на месец јануари, најпрво со поставување систем „капка по капка“ потребен за одржување на новиот дрворед. Потоа се продолжи со поставување на бекатон плочки. Се работи за површина од 1.000 метри квадратни. Засега се привршуваат работите на тротоарот од северната страна на улицата, а напоредно се поткопува подлогата за уредување на тротоарите на јужната страна од улицата „Миле Пецанов“. Ова е поточно улица која поминува покрај Градскиот пазар, во населбата Караорман. Големата фреквентност на посетители за време на пазарните денови ја прави улицата прометна и актуелна потребата од простор за пешаците.
Проектот се изведува веќе пет недели, што значи е веќе започната градежна постапка, со спроведена тендерска процедура за избор на најповолен изведувач. Тоа не ја ограничува работата на инвеститорот, Општина Гевгелија да продолжи со градежните работи на веќе започнати проекти, иако се наоѓаме во период на закажани предвремени парламентарни избори. Според упатството на ДКСК Општините и државните институции во овој период на предизборни подготовки и за време на изборните активности треба да се воздржат од вработување и распишување нови тендерски постапки.
Само јануарските градежни зафати на општина Гевгелија во рамките на програмата за комунално уредување, донесена од Советот на општината, се во вредност 373.742 евра.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/biznis/biznis/4793-nov-drvored-i-trotoar-do-gradskiot-pazar-vo-gevgelija.html#sigProGalleria470e7671bf
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро
По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три