Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Вторник, 25 Февруари 2020

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 1.447 лица исплати 11,3 милиони денари. Парите ги добија фармери кои имаат мали земјоделски стопанства со големина од 0,2 до еден хектар.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, финасиската поддршка за производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари изнесува 6.000 денари, додека за производни капацитети од 0,5 до еден хектар, поддршката е 12.000 денари.

Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, градинарите, лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.

Вчера беа исплатени субвенции за 3.213 сточари одгледувачи на овци, во вкупен износ од 607.032.300,00 денари, а пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда и тоа на сметките на 12.500 сточари кои одгледуваат говеда Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 354 милиони денари.

- „Ќе продолжиме со редовна исплата на субвенциите за сите што законски стекнале право за користење финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна реализација на субвенциите продолжува. Парите се префрлаат во период кога на земјоделците им се најпотребни, пред почеток на новата реколта“, наведуваат од Платежната агенциа и додаваат дека оваа Влада од почетокот на мандатот до денеска, исплати околу 381,6 милиони евра финансиска поддршка за развој на агро секторот.

 

Last modified on Вторник, 25 Февруари 2020 - 14:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.