Коронавирусот ги стопи цените на горивата

Понеделник, 16 Март 2020

Трето нивелирање на цените на горивата во надолна линија. Моментната ситуација на светските пазари и падот на нафтата на берзите поради коронавирусот предизвика цените на нафтените деривати во земјава да паднат на рекордно ниво.

Според најновата одлука на регулаторното тело за енергетика, од ноќеска на полноќ возачите кои возат автомобили на бензин ќе полнат резервоари по цена поевтина за седум и пол денари, додека дизелот бележи пад во цената од 6 денари. Падна психолошката граница „евро за еден литар“. 

Тоа значи дека од утре ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 54,50 ден/лит додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 56,50 ден/лит.

Дизелашите ќе точат нафта за 48,50 ден/лит.

Паѓа цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот и тие ќе изнесуваат 37,50 ден/лит. односно 21,934 ден/кг.

Ова е најниското намалување на цените на горивата дури и од рекордното намалување регистрирано во 2008 година соопшти првиот човек на РКЕ Марко Бислимоски.


Last modified on Понеделник, 16 Март 2020 - 13:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.