Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Вторник, 31 Март 2020

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува 14.500 денари. Не се намалуваат платите на јавната администрација, ова е само една од мерките кои денеска ги донесе владата, а со кои прави обид да му помогне на стопанството да ја надмине економската криза предивикана со ковид-19.

„Сите избрани и именувани функционери во државата, од претседателот, па до најниско ниво, директори на централно, локално ниво ќе одат на минимална плата. Затоа што сметам и јас и владата дека ако треба да направиме солидаризирање тогаш ние први тоа треба да го направиме. И јас како претседател на влада и министрите и замениците министри и државните секретари и пратениците и директорите и градоначалниците, сите до еден треба да покажеме први солидарност. И тоа е првата мерка којашто ја носиме“, изјави Оливер Спасовски, технички премиер на Р.С. Македонија.

Во вториот пакет мерки е предвидена и исплата на минимална плата по вработен од 14.500 денари на компаниите кои ќе бидат погодени од кризата. Спасовски презентирајќи го вториот пакет економски мерки ги соопшти условите за компаниите за користење на помошта.

„Работодавачите од приватниот сектор, баратели на финансиска поддршка, ќе треба да исполнат и неколку услови за да ја користат мерката. Да не исплаќаат дивиденди на сосптвениците, како и бонус, годишни награди за деловна успешност и слично на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот. Да имаат најмалку 30 проценти намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, сезонскиот просек за работодавачите кои што вршат сезонска дејност. За месецот за кој се бара финансиска поддршка просекот на делот на највисоките нето плати на 10% на вработените кај работодавачот барател на финансиска поддршка да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен“, рече Спасовски.

За малите, микро и средните претпријатија, информираше Спасовски обезбедени се како помош и дополнитени 8 милиони евра бескаматни кредити, а преку Равојната банка компаниите на располагање им се ставаат и 50 милиони евра за нови проекти и нови вработувања, со ниски каматни стапки

Тој информираше дека ќе има помош и за вработените кои ќе останат без работа поради економската криза предизвикана од ковид-19, но и за оние кои биле дел од неформалната економија, а кои ги згубиле приходите за егистенција.

Во вториот пакет мерки за помош се опфатени спортистите и уметниците за кои април и за мај е помош во висона од 14.500 денари.

Спасовски презентирајќи ги мерките за кредитите на правнте и физичките лица во банките рече дека е постигнат договор со банките за олеснување кој тие мора да го испочитуваат.

„Јас очекувам дека сите банки она што е договорено ќе го испочитуваат. Ако не го испочитуваат тоа што е договорено има следен чекор. Така да владата нема да остави секој да си работи како ќе му текне во оваа прилика, туку мора д аработи така како што е договорено и да помогне на кризата“, нагласи Спасовски.

Пакетот економски мерки на владата е во висина од 200 милиони евра.

Last modified on Вторник, 31 Март 2020 - 17:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.