Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон граѓаните

Недела, 05 Април 2020

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета економски мерки за помош на домашната економија, обезбедување на работните места, гарантирана минимална плата за спортистите и уметниците, субвенционирање на занаетчиите, вработените во неформалниот сектор од стопанството.
Во таа насока и од Општина Гевгелија размислуваат за сет предлог мерки за олеснување на давачките на граѓаните кон општината, како што се годишните паушали за данок на имот, локалните комунални такси, фирмарини за правни лица и слично. Ова би било голема жртва за општината со оглед што овие плаќања се дел од ставката основен буџет кој е наменет за подобрување на комуналните услуги од страна на општината и сите свери од делокругот на работењето и надлежноста на општината. Сепак, таквите отстапки значат и голем слух кон сеопштиот проблем - победата на корона вирусот и олеснување на трошоците на граѓаните кои ги имаат деновиве со набавка на неопходни хигиенски средства за заштита од корона, но и директна олеснување на обврските кон Општината и за граѓаните, и за правните субјекти.

- „Правиме анализи врз основа на кои изготвивме предлог на пакет-мерки, како што е намалување на Општинскиот данок на имот, начинот на плаќање на комуналниот надомест, натамошното плаќање и процентот на намалување на комунални такси за фирмарина и користење на јавните површини, како и другите Општински давачки“, вели градоначалникот Сашо Поцков.

По опстојната анализа и консултации со Општинските здруженија на правни и физички лица од повеќе дејности, како и по утврдувањето на пакет-мерките, предлогот треба да се најде на усвојување пред членовите на Советот на Општина Гевгелија, со цел ублажување на последиците од корона кризата.

Засега, токму од овие причини, очекувањето на анализите и прифаќањето на мерките од страна на Советот, во Одделението за локални даноци и комунални такси е запрено издавањето на Решенијата за данок на имот за 2020 година кои обично се доставуваат во овој период од годината. На овој начин и Општината ќе земе директена улога во ублажувањеето на последиците од корона кризата во Гевгелија која освен здравството ја погодува и економијата, а со тоа и стандардот на граѓаните.


Last modified on Недела, 05 Април 2020 - 14:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.