Меѓународниот моментарен фонд одобри финансиска поддршка за Македонија во висина од околу 176 милиони евра за ублажување на последиците во економијата предизвикани од пандемијата со Ковид-19.
„Ова е двојно повеќе од сумата која ја очекувавме првично и навистина е добра вест бидејќи ова се поволни средства со ниска каматна стапка од 1,5 проценти и рок на отплата од 5 години. Оваа помош од ММФ ќе помогне во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнувањето на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.
Како и поголем дел од економиите во глобални рамки, и македонската економија привремено ќе биде погодена од појавата на новата вирусна инфекција. Ефектите ќе се почувствуваат и преку намалувањето на глобалната побарувачка, но и преку прилагодување на домашната побарувачка, во услови на неизвесност и преземени мерки за ограничување на ширењето на вирусот.
„Оваа финансиска поддршка за нас е од исклучително значење, како за спроведување на фискалните мерки, така и за обезбедување на натамошен раст на девизниот потенцијал на нашата економија, односно за зголемување на нивото на девизни резерви“, истакна Анита Ангеловска Бежоска.
Од Народната Банка велат дека во рамки на комуникацијата со ММФ се потенцира посветеноста на носителите на политиките за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, и за зголемување на потенцијалот за одржлив долгорочен раст на македонската економија. Укажано е на потребата банките и понатаму да обезбедуваат финансиска поддршка на економијата, во претстојниот период, заради што е неопходно својата капитална позиција и ликвидноста да ги одржуваат на адекватно ниво.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро
По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три