Претставници на институциите од областа на вработувањето и Министерството за труд и социјална политика имаат пораки до граѓаните на прашањата за регулирање на нивниот работен статус за време на состојбата со корона кризата и издржливоста на македонското стопанство. На располагање се мерките на владата и ниските кредити за помош во вид на исплата на гарантирана минимална плата за секој вработен, за кој што фирмата треба да конкурира во Министерството за финасии. Доколку работниците наидат на отказна понуда од газдите одговорот од надлежните од АВРМ е:
- „Работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа за да можат да користат парична помош во случај на невработеност и да не прифаќаат какво било условување од работодавачите поврзано со исплата на плата“;
- Секое лице кое не е вработено, доколку сака да биде евидентирано како невработено лице, треба да се пријави во Агенцијата за вработување. Согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, ќе се стекнат со право на паричен надоместок и со право на здравствена заштита;
- Граѓаните кои останале без работа имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, доколку претходно биле во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци;
- Постапката за платеното отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години е едноставна. Во јавниот и во приватниот сектор оваа мерка се имплементира без посебни потешкотии. Секаде каде има прекршување, ги упатуваме работниците да се обратат до Државниот инспекторат за труд.
- За мајките чие породилно отсуство истекува од 18-ти март, Владата донесе мерка за пролонгирање на платеното отсуство од работа, сѐ до истекот на траење на времените мерки.
Видео од целата видеосесија со најчестопоставуваните прашања на социјалните мрежи во врска соплатените отсуства на вработените кои се ослободени од работа со мерките од корона кризата и работниот статус, го пренесуваме интегрално.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР