Жито Пром со донации за Инфективна Клиника и Гевгелиската Болница

Сабота, 25 Април 2020

Во времето на засилените здравствени мерки против корона епидемијата, одвојувањето за потребите на здравството стануваат еминентно важни за одржување на оперативната одговорност и спремност на здравствениот систем во земјава.
Деновиве, освен донации од Европската Унија, 12 респиратори, 5.000 заштитни маски, 1,2 милиони долари медицинска опрема од САД, комплетна лабораторија од Холандија и други евриопски земји, донација од 200.000 евра од фирмата „Алкалоид“, со свои донации се придружија и гевгелиски фирми.
Први нога повлекоа фирмата „Жито Пром“ од Гевгелија, која во соработка со „NOVA International Schools“ донираа заштитна медицинска опрема (маски, визири и скафандери) за Инфективната клиника во Скопје и Општата болница во Гевгелија.

Овие две компании под мотото #wearehere4U обезбедија и месечно снабдување со кроасани за сите 170 вработени на Инфективната клиника, за 110 социјално загрозени семејства во Гевгелија како и за Црвениот крст во Скопје (за 40 луѓе кои работат во мобилните тимови, 150 бездомни лица, 150 деца на улица и 70 стари и изнемоштени лица кои периодов не се во можност да излезат од своите домови).

Многу компании и поединци, континуирано се пријавуваат на апелот на Фондот #ПридонесиИти, кој има за цел сите компании-кориснички на средства од ФИТР да ја покажат својата општествена одговорност, односно бесплатно на сите граѓани да ги стават на располагање производите, услугите и содржините кои ги изработуваат/нудат, а кои можат да бидат корисни за конструктивно, квалитетно и креативно искористување на времето и прилагодување кон новонастанатите услови за живот под времено изменети околности, како и во поддршка за справувањето на надлежните со корона вирусот.
Семејството на ФИТР го дава својот придонес!

Македонија веќе 60 дена е под корона заканата. Седењето дома е нејсигурната заштита. Но, храната е неопходна за секого. Фирмата „Жито Пром“ прва во Општината донираше за гевгеличани, заедно со пакети за хигиена од Општината наменети за 110 социјално загрозени семејства, а еве подадената рака за помош продолжува и за најистурените институции во борбата со короната - Инфективната клиника во Скопје и Општата Болница во Гевгелија, во локални рамки.


Last modified on Сабота, 25 Април 2020 - 02:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.