Градежната оператива на фирмата „Жи-Кол“ од Струмица, која е изведувач на асфалтирањето на патната делница до село Црничани, што се површува со регионалниот пат Р 1105, денеска ги завршува градежните зафати.
Целиот проект вреден 4.350.000 денари е инвестиција на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица, каде партиципира и Општина Дојран. Инвестициониот влог на ЈИПР е 3.900.000 денари, а учеството на општина Дојран е 450.000 денари.
Најважно е што жителите на Црничани ќе добијат нов асфалт до своето село, по сите стандарди, дури и проширен по 75 сантиметри од двете страни на коловозот. Со тоа патот се проширува за 1,5 метри и целата ширина изнесува 5,5 метри.
Должината на патната делница е 1.051 метар и изведена е во зацртаниот рок од само една недела. Изборот на изведувачот беше по пат на тендерска постапка која ја распиша носечкиот инвеститор Југоисточниот плански регион, известуваат од општината.
Со завршувањето на асфалтирањето на оваа патна делница Општина Дојран реализира една од своите зацртани проекти во програмата за коминално уредување и изградба на локални патишта и улици во Општината. Нека е аирлија, дури и за време на корона, инвестициите кои се за доброто на граѓаните од оваа општина и жителите на Црничани.
Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов реализацијата на овој проект го оцени како „решавање на децениски проблем“.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/biznis/biznis/4977-zavrsuva-asfaltiranjeto-na-patot-do-crnicani.html#sigProGalleria32dc81c20e
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во