Донација од 200.000 евра медицинска опрема од Групацијата „Новоматик“

Среда, 06 Мај 2020

Казината „Фламинго“, „Астра“ и „Адмирал“ кои припаѓаат на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа преку Групацијата „Новоматик“ во Македонија во прилог на состојбата со корона епидемијата донесоа одлука за соодветна медицинска донација во вредност од 200.000 евра, за што упатија отворено писмо до јавноста и медиумите. Освен донациите казино-хотел „Фламинго“ ги отвори вратите со своите апартмани и хотелско сместување за македонските повратници од странски држави за обезбедување државен карантин, а веќе два месеци додека трае корона епидемијата и вонредната состојба со забрана за работа на угостителскиот сектор заради мерката „изолација“ оваа Групација ги одржува работните места на своите 2.000 работници.

Еве ги мотивите за ваквата дарежливост и хуманост, искажана во нивното официјално соопштение:

- „Како општествено одговорни компании, Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија целосно свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги натчовечките напори на докторите и медицинскиот персонал во беспоштедната борба со вирусот „Ковид 19“, и покрај тешките моменти за нашите компании, објавуваме дека започнуваме голема акција за донирање на болнички кревети и средства за дезинфекција во повеќе здравствени капацитети во Република Северна Македонија“, објавија во своето соопштение до медиумите од Групацијата.

- „Силно веруваме дека во овие моменти на сите ни е потребна солидарност, заедништво и истрајност за да поефикасно се справуваме со сите предизвици. Упатуваме благодарност до Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините, кои ни' помагаат во спроведувањето на хуманитарната акција. Се надеваме дека со овој наш потег ќе дадеме придонес во зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Сите сме потенцијални пациенти, а оваа пандемија не потсети колку е важен јавниот здравствен систем за заштитата на нашето здравје“, додаваат од Новоматик.

Како менаџери на одговорни компании, сметаме дека е наша обврска да покажеме висока општествена свест во овој период кога државата и институциите кои се справуваат со огромни предизвици за здравјето и економијата. И покрај сите предизвици, уште на почетокот на кризата одлучивме да и помогнеме на Владата на Република Северна Македонија, со тоа што на нашите вработени им ги зачувавме работните места и покрај тоа што веќе два месеца нашата дејност не работи и не остварува приход. Исто така, Казино Фламинго Хотел, на наша иницијатива во месец март и беше отстапен на Владата и беше успешно користен како карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди.

Светската пандемија на вирусот „Ковид 19“ ја стави на тест цивилизацијата. Исклучително важно е сите да извлечеме поука, да излеземе посилни од кризата и никогаш да не заборавиме дека сме пред се луѓе кои треба меѓусебно да се помагаат и поддржуваат. Ништо не е поважно од животот и здравјето!“ - велат од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа - АПИС.


Last modified on Среда, 06 Мај 2020 - 21:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.