Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција ги соопшти резултатите од одзивот на владините мерки од економските пакети за поддршка на стопанството од последиците од корона кризата.
Таа истакна дека задоволува бројката на 23.861 барање на 21.542 компании за финансиска поддршка до 14.500 денари за исплата на платата по вработен за април годинава.
Согласно донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, во УЈП заклучно со крајниот рок, 07 мај, преку системот е-даноци поднесени се вкупно 23.861 барање за финансиска поддршка (образец БФП-ИП), а се однесуваат за 21.542 компании. Истите барања ќе се обработат и потврдат во рок од три дена и ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ од каде ќе се врши исплатата на средствата за месец април 2020 година.
Од вкупниот број на поднесени барања:
– Угостителска дејност – 2.377;
– Туристички агенции (организатори на патувања-туроператори) – 253;
– Транспорт – 2.177;
– Објекти за сместување – 258;
– Останати дејности – 16.625.
Истовремено напоменуваме дека сите работодавачи, со комплетно барање по обработка на МПИН-образецот ќе бидат информирани за вкупниот износ на финансиска поддршка која ќе им биде исплатена.
Согласно донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар) под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во