Нема конкретен датум за старт со работа на угостителските објекти

Понеделник, 18 Мај 2020

Кафулињата и рестораните се подготвуваат за нивно отворање. Но, тие сè уште не знаат кога ќе добијат зелено светло од државата за да започнат со работа. Оние што денес ги обиколивме беа ангажирани со чистење на објектите, со надеж дека ќе започнат барем со половина капацитет. Некои велат дека ќе бидат потребни најмалку две недели работа за да се намали штетата што ги доведе на раб на банкрот.

- “Загубата е голема. Три месеци не работиме, имаме големи трошоци. Не знаеме кога ќе се отворат рестораните и кафулињата. Во цела Европа се отворија во Шпанија и Италија, а знаеме во кава состојба беа тие “.

- „Работиме со примена на безбедносни протоколи, маски на лице, дезинфициенси за посетителите и упатства за електронско уплаќање на услуите. Ние работиме, а никаде нема место отворено за кафе пауза или доручек, макар омлет, или салата во ресторан “ ни одговорија дел од трговските фирми во старата градска чаршија.

Враќањето во нормала на овој бизнис од страна на Владата е предвидено во втората фаза. Но, од Комората за угостители велат дека сè уште немаат протокол за отворање на објектите на овие бизниси.

- „Чекаме протокол за работа и не можеме да пресметаме датум кога точно ќе бидат отворени. Немаме сигнали за следната средба. Одлуката останува во рацете на Комисијата за заразни болести“, велат од Комората на угостителите.

Разговорите помеѓу овој сектор и извршната власт запнаа поради неусогласеност на нивните барања со препораките на Министерството за здравство против ширењето на корона вирусот.


Last modified on Понеделник, 18 Мај 2020 - 16:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.