Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Среда, 27 Мај 2020

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе Одлука за намалување на комуналните такси на деловните субјекти (правни лица), како дел од Општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од Корона вирусот.
Според донесената Одлука за утврдување на висината на комуналните такси во општина Гевгелија:
1. Комуналната такса за називот на фирма на деловни простории за физички лица кои вршат дејност е намалена од 2.000 денари на 1.300 денари, (што претставува намалување од 35%);
2. Комуалната такса за називот на фирма на деловни простории на физичките лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ е намалена од 500 на 350 денари (намалување за 30%);
3. Комунална такса за називот на фирма на деловните простории на трговските друштва и други правни лица од областа на производството, прометот и услугите, од досегашните 6.000 денари е намалена на 4.000 денари (намалување од 33,33%);
4. Комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност се намалува од 7 на 5 денари од метар квадратен на ден (намалувањеод 28,57%).

Овие утврдени износи со Одлука на Советот за намалување на комуналните такси ќе важат до крајот на годината, бидејќи станува за еднократна даночна обврска.

Со почетокот на корона пандемијата Општина Гевгелија ја запре постапката за издавање налози за наплата на годишниот износ на комунална такса за деловните обврзници, со што намалувањето ќе биде испорачано заедно со новите платни налози со новиот намален износ за комунална такса.

Од општината не наведуваат колку даночни обврзници ќе користат намалена комунална такса и колкаво намалување на буџетските приходи ќе предизвика вака донесената Одлука. Во секој случај ова е потег на Општина Гевгелија за олеснување на економските субјекти во општината со настанатата ковид состојба во државата, од чии импликации не е поштедено ниту гевгелиското стопанство.


Last modified on Среда, 27 Мај 2020 - 18:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро

По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко

Повеќе

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.