Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Четврток, 28 Мај 2020

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата, со Одлука на Владата на РСМ од денеска се отвараат за работа и прием на гости објектите за послужување храна и кафиќите, но само отворените делови (тераси). Заради се' уште важечките мерки за спречување на ширењето на корона вирусот Ковид -19 угостителските објекти мора задолжително да ги следат и применат Протоколите за отварање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Истите содржат по 16 точки кои треба да ги задоволи секој угостителски објект, а тоа е следново:

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)


Фото: од ентериерот на кафе-пицерија „Бакарди“


Last modified on Четврток, 28 Мај 2020 - 15:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.