Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Сабота, 26 Септември 2020

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската економија, а исклучок од тоа не е ниту Гевгелија.
Македонската европска порта, Гевгелија, во услови на ковид кризата ја почувствува негативната страна од својата економска поврзаност и зависност од меѓународните гости и потрошувачи, пред се' од соседна Грција.
Намален е прометот во хотелско-казинскиот туризам, посетите во стоматолошките ординации од стрна на грчките граѓани, ги нема грчките посетители кои беа редовни купувачи на градскиот пазар, бутиците, фризерниците. Прометот е намален, а тоа се одразува и на локалната економија.

Показател дека економијата трпи е и податокот на 380 отпуштени работници од казино секторот во Гевгелија, во месеците на корона епидемијата годинава. Иако се тоа фирми со меѓународен капитал, кои честопати беа донатори на здравствена опрема за болниците во Гевгелија и други општини од државата, казино „Фламинго“ ги отвори вратите и за прием на лица повратници од странство за државен карантин, сепак го намалија бројот на вработените од нетипичните работни места.

- „Во септември 2019 година во евиденцијата на Агенцијата за вработување ПЕ Гевгелија имаше евидентирано 560 невработени. Во септември 2020 година оваа бројка на невработени во ПЕ на АВРМ Гевгелија се искачи на 1.260 лица“ изјави денеска за „Телма“ градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Тој изрази сомнеж дека бројката на невработени во Гевгелија е дури и поголема од таа во евиденцијата на АВРМ-ПЕ Гевгелија, пред се' заради тоа што: „Голем број на граѓани не се евидентирани во системот како баратели на работа. Што значи, не сите невработени се активни баратели на работа“.

За надминување на проблемот на економски план кој влијае на работниот сектор, а директно и врз семејниот стандар на гевгеличани, деновиве Општина Гевгелија организираше работна средба со заменик премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче со цел да се иницира меѓу надлежните фактори во Македонија и Грција двострано отварање на Границите.
Грција најави дека на 15 септември ќе ги отвори границите со Македонија, но тоа не се случи, а ниту добивме официјално образложение зошто е тоа одложено. Лобирањата на здравствените и економските фактори меѓу двете земји продолжува.
Засега со Грција непречено се одвива транспортниот сообраќај. Но, овој сосед забранува влез во својата земја после 23:00 часот, дури и на свои граѓани, а назад ги прима со негативен ПЦР тест кој треба секој грчки гостин на Гевгелија да го направи при влез во својата земја, за да не се соочи со 15 дневен карантин. Тоа важи и за секој повратник од странска земја кон Грција.

Короната во Гевгелија е присутна веќе 61 ден со летниот корона бран. Каква одлука ќе донесат факторите од двете земји засега е неизвесно, како што е неизвесна и работата во дејностите од локалната гевгелиска економија кои се засегнати од намалениот прилив на гости од овој јужен сосед.

 

Last modified on Сабота, 26 Септември 2020 - 16:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.