АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Недела, 17 Јануари 2021

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за самовработување на невработените лица. по пат на кредитирање за отварање сопствен бизнис. Огласот за аплицирање е отворен до 31 јануари годинава.

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

– Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;

Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;

Каматна стапка од 1% на годишно ниво;

Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);

– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

 

Last modified on Недела, 17 Јануари 2021 - 16:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.