Топ Новости

Долгот на МК расте од над еден милион евра дневно

  • Четврток, Апр 16 2015

Владата повеќе се задолжува отколку што се раздолжува. Од почетокот на годината досега, долгот на државата е зголемен за 116 милиони евра. За три и пол месеци, владата позајмила 352 милиони евра, а вратила стари долгови во вредност од 236 милиони евра. Најголемо задолжување е направено минатиот месец, кога владата позајмила 240 милиони евра, а вратила долгови од 178 милиони евра, односно само во март го зголемила долгот за 62 милиони евра.

Економскиот аналитичар Биљал Касами вели дека по почетокот на објавувањето на „бомбите“ на опозицијата, владата се однесува како во вонредна состојба. Тие најавуваат нови трошења за кои нема пари, па затоа мора да се задолжуваат, вели тој.

„Мислам дека е директна рефлексија на ситуацијата. Ние гледаме дека целиот владин тим низ цела Македонија најавува нови мерки, кои гледано од буџетски аспект, од аспект на јавни финансии, тоа се нови пари и нов одлив на средства од буџетот“, вели тој.

Касами посочува дека оваа „вонредна состојба“ треба што поскоро да заврши, пред македонската економија да дојде до ситуација од која враќањето ќе биде многу тешко. Вели дека ребаланс на буџетот ќе биде неопходен, затоа што владата троши повеќе од што има.

Поранешниот министер за економија Зоран Витанов вели дека владата се води од максимата „после мене потоп“ и по секоја цена се обидува да се задржи на власт.

„Тоа е над 1 милиони евра ново задолжување дневно во оваа година. Па треба да сте совршено неспособен за да се задолжувате толку на еден народ од два милиони жители или се работи за спасување на лична глава по секоја цена или човечката историја памети владетели коишто велат после мене потоп“, вели Витанов.

Во министерството за финансии прашавме на што се должат големите задолжувања од почетокот на годинава и дали има потреба од ребаланс на буџетот, но не добивме одговор.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатиот месец изјави дека Задолжувањето е поголемо бидејќи банките имаат огромен интерес за купување на домашните хартии од вредност поради поволните каматни стапки.

„Постапивме онака како што се постапува и на светските пазари“, изјави тогаш Ставрески.

Извор: Радио Слободна Европа
Автор: Срѓан Стојанчов

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

Гевгелиски „Комуналец“ со полугодишна позитива

Зголемената цена на водата и комуналните услуги и нотарските платни налози ја

Повеќе

Трибина „Излези ЗА европска Македонија“ во Гевгелија

Недела, на 23 септември до 17:30 часот во центарот на Гевгелија ќе се одржи

Повеќе

Уставен суд одлучи за Референдумот

Со 7 гласови „за“ и 2-ца „против“ Уставниот суд на Република Македонија ја

Повеќе

Потпишана декларацијата со Германија за возачките дозволи

Со оваа декларација граѓаните ќе можат да извршат замена на националните

Повеќе

Социјалната помош од 50 се покачи на 200 евра

Тоа е пораст од 300 отсто, плус се зголемува бројот на корисници

Повеќе

Секретарот за одбрана на САД во посета на Владата на РМ

Посетата на Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис е потврда на нашето

Повеќе

Од утре македонските возачки дозволи признаени во Германија

Утре министрите за внатрешни работи на Макеdонија и Германија ќе ја потпишат

Повеќе

Марш „ЗА европска Македонија“

Заев: 30 септември е ден за испишување историја, за европска Македонија

Повеќе

„Штафета на еднаквоста“ во Валандово

По три години одржување на „Штафетата на еднаквоста“ годинава таа се организира

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.