Топ Новости >

Тoме Главчев - бизнис личност во Југоисточна Европа

  • Понеделник, Јун 04 2018

 


Сопственикот на НОЕЛ, Томе Главчев, од еминентно жири на универзитетски професори и стопанственици во регионот, за долгогодишното успешно менаџирање и освојувањето на светските пазари е избран за бизнис личност на Југоисточн Европа.

"Оваа извозно ориентирана и модерно организирана фабрика од Гевегелија, со над 800 вработени, е најдобар пример за „вештините во донесувањето стратешки одлуки, способност да се донесуваат и реализираат визионерски одлуки. НОЕЛ е исклучителен пример на македонско и регионално креирање на силен и динамичен економски развој.” Ова е дел од образложението за признанието на Бизнис личност во Југоисточна Европа -2018, што Томе Главчев ќе го прими во Белград на 18 јуни.

Во интензивниот четврт век развој, со примена на модерните технологи и машински парк, со креативниот стручен тим, НОЕЛ е партнер на светските брендови во модата. Годинава се очекува и негов нов погон за производство на конфекција, како заедничка и гринфилд инвестиција со партнер од Германија. Оваа компанија деновиве покажа подготвеност за преземање на текстилните погони на Ваибо-груп, откако над 200 работнички во Кривопаланечко остнаа на улица.

Признанието „Бизнис личност има за цел да ја фокусира јавноста на најуспешните претприемачи во Југоисточна Европа.“

Селекторите на овој избор во „Томе Главчев препознаа претприемач кој создава европски нормативи во своите хали, со еднократно работно време и грижа за работните услови”.

Овoj избор се одржува веќе 24 години наназад, a наградаta која се доделува e во склоп на регионалната манифестација „Бизнис партнер“.

Активна свест за општествената одговорност, посебно залагање и поддршка на младите во спортот, ангажман во корист на широките општествени придобивки имплементирани во деловната и животна филозовија, како прв човек на кошаркарскиот клуб „Блокотехна“, изградбата на спортска сала, се дел од аргументите дека наградата доаѓа во вистински раце. 

Фото: Главчев со Наумовски и Темелковски следи спортски натпревар помеѓу Гевгелија и Работнички


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.