Топ Новости

Јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште

  • Понеделник, Сеп 10 2018

 

 

Земјоделската површина во државна сопственост од 834ха 54ар 90м2 која се дава под закуп и е распоредена низ 10 општини од државата. Најголем дел слободната површина е во катастарските граници на општина Гевгелија и тоа вкупно 347 хектари, 16 ари и 65 метри квадратни.

Јавен ОГЛАС бр.07/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е за површини до 3 хектари. Истиот е објавен од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и ќе трае заклучно до 4 октомври годинава.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,

-одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,

-рибници до 20 години и

-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.

Почетната цена на наддавањето се движи од 5, 15 до 25 денари во зависност категоризацијата на земјиштето (подетално во јавниот оглас 07/18) што е даден во прилог заедно со образецот за пополнување на пријавата за учество во јавното наддавање за закуп на земјоделско земјиште во сопственост на РМ.

Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на ден 09.10.2018 година (вторник) во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје со почеток од 10 часот.

 

ЛИНК  до: Јавен оглас 07/18

ЛИНК до: Образец на ПОНУДА за учество на Оглас


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.