Владата најави изградба на 770 км патишта во 2019, вредни 1,2 милијарди евра

Четврток, 31 Јануари 2019

Во регионот планирани се за рехабилитација и реконструкција три патни правца во должина од 23 километри

 

 

- „Со почетокот на градежната сезона започнуваме со забрзана изградба и рехабилитација на најголем дел од патната мрежа во Република Македонија во вкупна вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра. Станува збор за големи инвестиции во изградбата на нови патишта како и реконструкција на постоечките во вкупна должина од преку 770 километри. Оваа година започнуваме со реализација на нови проекти за изградба, рехабилитација и реконструкција на 43 патни правци, а засилено ќе продолжиме со изградба и реконструкција на веќе започнатите 27 патни правци. Продолжуваме да ја градиме Република Македонија и да ги поврзуваме граѓаните со квалитетни, сигурни и безбедни патишта“ соопшти премиерот Заев во своето обраќање најавувајќи ја годинашната патна инвестициона офанзива. Тој додаде дека добрата и безбедна патна инфраструктура е главен предуслов за привлекување домашни и странски инвестиции и за локален економски развој.

- „Во 2018 година се завршени активности на 192 км во вредност од 30 милиони евра. Тоа не е доволно и токму поради тоа градежништвото во минатата година бележеше негативни стапки на раст. Би сакал да истакнам дека проектите за изградба на патишта кои ги започнавме како Влада се во вредност од 1 милијарда и 35 милиони евра и се во должина од 363 километри, а во 2019 година започнуваат со реализација проекти во вредност од 236 милиони евра и во должина од 421 километар. Сите овие проекти чија вкупна вредност надминува 1,27 милијарди евра, се технички подготвени, има обезбедено финансиски средства и подготвени се за имплементација“, потенцираше на пресот виџепремиерот Кочо Анѓушев.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов даде осврт на плановите и програмите што ги спроведува ова претпријатие и рече дека ЈПДП има спроведено тендерски постапки за рехабилитација на 39 патни правци кои веднаш во првиот квартал штом дозволат временските услови ќе отпочнат да се градат.

„Во 2019 се продолжува со изградбата на автопатиштата и експресните патишта со вкупна должина од 144 км и вкупна вредност од 770 милиони евра“, соопшти директорот Китанов и информираше дека преку Македонија пат се рехабилитираат уште 41 патен правец со вкупна должина од 93 км во износ од 9 милиони евра.



Во регионот планирани се: рехабилитација на регионалниот пат Фурка-Богданци Гевгелија во должина од 16 километри, реконструкција на државниот пат Стар Дојран -Граничен премин во должина од 2 километри и вредност од 0,3 милиони евра, и рехабилитација на државен пат Негорци-Гевгелија во должина од 5 километри и вредност на инвестицијата од 0,5 милиони евра.

Изградбата на патната инфраструктура во Македонија е важна за обезбедување на економски раст и развој на државата и затоа како врвен приоритет Владата ја најави за реализација оваа година.

 

Last modified on Четврток, 31 Јануари 2019 - 04:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

Тајфун ја опустоши Јапонија - 40 настрадани, 20 реки се излеале за само 2 дена

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека

Повеќе

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.