Топ Новости

Грција трета на листата најголеми странски инвеститори во Македонија

  • Четврток, Фев 07 2019

Во изминативе две децении Грција со инвестиции од 473 милиони евра е на третото место на листата најголеми странски инвеститори во земјава

 

 

Податоците на Народната банка за периодот 1997-2017 година откриваат дека во изминативе две децении Грција со инвестиции од 473 милиони евра е на третото место на листата најголеми странски инвеститори во земјава. Пред неа на листата се Австрија со инвестиции од 637 милиони евра и Велика Британија со вложени 531 милиони евра.

Во овој период во Македонија влегле вкупни странски директни инвестици од 4,7 милијарди евра што значи дека Грција учествува со 10,1 отсто во вкупните инвестиции.

Се проценува дека во нашата земја работат околу 300 компании со грчки капитал во трговијата, текстилната, услужната и тешката индустрија, а меѓу најголемите инвестиции се купувањето на Стопанска банка Скопје од Националната банка на Грција, „Окта“ од „Хеленик Петролеум“, „Цементарница Усје“ од „Титан“, „Мермерен комбинат“ од „Павлидис мермер и гранит“ и „Енерџи деливири солушнс“ од „ППЦ“.

Во Гевгелија тука се текстилните погони, фабриката за електро уреди во поранешна „Електронка“. Значаен прилог кон домашната економија имаат и бројните посетители на објектите за забава (казината), корисниците на дентални услуги кои се поевтини во Гевгелија отколку во грчките стоматолошки ординации, големиот број купивачи по маркетите, бутиците, продуктите од градските пазарџии. Сето тоа е значаен инпут за локалната економија.

Од друга страна, од вкупно 100 милиони евра директни инвестиции од Македонија во странство во периодот 1997-2017 година заклучно со 2015 година во Грција биле пласирани 4,7 милиони евра. Оттогаш наваму нашата земја има минусно инвестициско салдо кон Грција односно има само поврат на вложениот капитал, а нема нови инвестиции.

Имплементацијата на Преспанскиот договор, потпишаниот пристапен протокол за влез на Македонија во НАТО само ја подгреваат подлогата за заживување на економските односи меѓу Македонија и Грција на повисоко инвестиционо ниво.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.