Топ Новости

Малите фирми на удар со новите измени на законот за трговски друштва

  • Сабота, Мај 17 2014

Секое трговско друштво мора да има седиште на фирмата, односно деловна просторија во сопственост, значи да си купи или да земе под кирија, проценило Министерството за економија.
Ова е неочекувано и нелогично во ерата на развој на информатичка технологија, каде секојдневно се соочуваме со огласи од типот - „сакате ли да работите од дома?“

Во сегашно време на развој на технологијата каде што од еден компјутер може да се реализира целокупната дејност, изгледа сосема нелогично да се бара секоја фирма да има сопствена деловна просторија. Пример што ќе и е деловен простор на фирма која врши превоз во странство? или пак услужна дејност преку интернет, или пак фирма која се занимава со работи за кои не е неопходен деловен простор? Со ова само ќе се изложат на трошоци, а при најголемиот дел од работењето нивните простории ќе бидат затворени.

Што е намерата на предлагачот: Да се интензивира отварање на работни места, или да се отвори простор за плаѓање кирија, кои ќе подлежат на даноци, ако е простор на фирма, или персонален данок ако сопственикот е физичко лице, со еден збор повеќе даноци на товар на малите фирми, а влез во буџетот на РМ. Потоа ќе се плаѓаат сметки за струја по цена за деловен корисник (како да е индустрија во прашање), сметки за вода, парно, ако се во Скопје, радиодифузна такса, и секако даноци за просторот или закупот на објектот - и сето тео сосема непотребно оптоварување на кревкото стопанство, малите субјекти со по еден до двајца вработени.
Изгледа крајна цел на ваквата одредба е затворање на голем број фирми или да се принудат да купуваат или изнајмуваат деловни простори. Измената секако ќе донесе и одредена сума пари од даноците кои ќе ги платат основачите на фирмите при обезбедувањето на просториите.

Компаниите или ќе измислуваат адреси или ќе треба правно да го регулираат деловниот простор (станот или куќата) во кој основаат фирма. Тоа ќе повлече поголем број бирократски процедури во кои основачот на фирмата ќе треба да направи договор за закуп со сопственикот на објектот за одредена цена. Таа цена може да биде со различен износ од 10 денари за квадрат, па нагоре, според сопствените проценки на оние кои се договараат. За овие бизнисмени тоа ќе значи мал трошок, но голема бирократска процедура, но за другите кои ќе мора да купат деловен простор или да изнајмат таков простор, тоа ќе значи дополнителен трошок – вели Бошков од Конфедерацијата на работодавачи за Плус Инфо.

Велат измените се според европските и западните правила, но во САД на пример се поголем број на луѓе работат од дома преку интернет – немаат седиште и целата дејност им е преку интернет како на пример агенти за продажба на недвижности, консултантски услуги, посредување при бизнис, советодавни услуги, информативни, маркетинг услуги на интернет, дизајнерски услуги, и слично – сите овие дејности се во пораст во САД и работат исклучиво преку компјутер, било каде да се..

А во Македонија токму сличните вакви дејности ќе мора да имаат деловни простории.

На малото стопанство толку многу му оди што и Трговскиот центар во Гевгелија зјае празен, со огласи за издавање на просторот. Ако, сопствениците не успеале во својата дејност, без обврска да плаѓаат кирија како сопственици на просторот, како ли ќе успеат малите фирми со по еден вработен кога ќе треба да плаѓа и ќирија за кориастењето на деловниот простор.
Наместо поголема наплата на даноци, да не се сврти работата како бумеранг со отпишување на постојните мали фирми кои едноставно ќе „издишат“ во налетот на новите најавени измени на Законот за трговски друштва.

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.