Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Среда, 05 Декември 2018

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за потребите на општина Гевгелија за исплата на старите наследени долгови од претходната гарнитура на локалната власт

 

 

Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за потребите на општина Гевгелија за исплата на старите наследени долгови од претходната гарнитура на локалната власт.

Со овие средства основните буџетски приходи на Општината наместо планираните 215.000.000 денари за 2019 година ќе изнесуваат 275.678.227 денари или 48,04% од вкупниот буџет за 2019 година планиран на вкупен износ од 9,3 милиони евра.

- „Средствата се пристигнати, легнати на општинската сметка и истите имаме обврска да ги потрошиме за исплата кон нашите наследени фирми-доверители, заклучно со 30.06.2019 година. Општинскиот наследен долг со сите исплати реализирани во текот на 2018 година изнесува 118 милиони денари, а ние имаме обврска со доделените средства од Владата да исплатиме 51% од долгот, што значи 60,7 милиони денари“, објасни на 20-та седница на Советот на општина Гевгелија градоначалникот Сашо Поцков при расправата по нацрт буџетот на општината за 2019 година.

Тој истакна дека начинот на исплата нема да значи прв дојден прв услужен, односно дека нема да се случи на некоја фирма да и' се плати целиот долг, а на некоја ништо, туку ќе се објави повик за пристап на фирмите кон овие средства со намера тие да понудат дисконт од својата побарувана сума. Со понудите за побаруваната сума за исплата и одобрените дисконти, градоначалникот посочи пред советниците дека главниот збор за исплата кон доверителите пак ќе го имаат тие на седница на Совет, кога ќе имаат можност да се изјаснат за листата на распределба на средствата спрема доверителите.

На почетокот од превземањето на градоначалничката функција Поцков даде изјава пред медиумите дека наследил Општина со долгови од четири милиони евра, а секој ден обврските по доспеани рати се поголеми со најава да се зголемат на шест милиони евра.

- „Општина Гевгелија ја превзедов на 25 октомври 2017 со долг колку два годишни основни буџети, рече Поцков пред медиумите на прес одржан на 13.11.2017 година.

Доделените средства за општина Гевгелија се дел од заложбите на Владата на РМ искажани и уште во март годинава, а потоа следуваа и одлуки и законски заложби за стабилизирање на општиние, дека со кредит од 120 милиони денари ќе се враќаат наследените долгови на општините во државата, но само 51% од вкупните доспеани долгови.  Средствата за ваквата раздолжувачка намена се обезбедеби со кредитно задолжување на државата и ќе треба да се враќаат во период од 10-20 години.

Last modified on Среда, 05 Декември 2018 - 23:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

Запален автомобил предизвика застој пред Смоквица

Пред половина час на автопатот „Пријателство“ на делницата од Смоквица кон

Повеќе

16 медаљи за гевгелиските математичари на „Кенгур без граници 2019“

Меѓународниот натпревар „Кенгур без граници“ кој се одржува во исто време во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.