Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

Четврток, 21 Март 2019

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за Гевгелија со двотретинско мнозинство, за нов претседател на Здружението е избран пензионираниот професор Велин Стојменов

 

 

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за Гевгелија со двотретинско мнозинство, за нов претседател на Здружението е избран пензионираниот професор Велин Стојменов.

На изборот за претседател и нови тела на Здружението на пензионери му претходеше речиси тримесечна изборна постапка (од 15 јануари, па до вчера 20 март) со предлагање на делегати на Собранието на пензионери од Гевгелија и 11-те населени места од Општината кои на ваков начин делегираат свои претставници во пензионерската асоцијација.

Од 27-те членови на Собранието на пензионери, вчера на седницата на Собранието која започна во 10 часот во просториите на Пензионерскиот дом, делегатите избраа 13 член состав на Извршниот одбор, кој е највисоко раководно теко на Здружението.
Седницата на Собранието ја започна претседавачот на Собранието Васил Дојчинов, а по изборот на работно претседателство со Собраниската седница раководеше Марија Николова.
По успешно одржаното Собраниео на пензионерите за Гевгелија, вчера по изборот на Извршниот одбор, се состанаа 13-те членови и од своите редови избраа претседател. Функцијата со 2/3 мнозинство му ја доверија на дипломираниот физичар и долгогодишен професор во УЦ „Јосиф Јосифовски“ Велин Стојменов.  Согласно Статутот, Стојменов како избран претседателот на ЗП е воедно и претседател на Извршниот одбор на ЗП. 

Стојменов доаѓа на функцијата претседател на Здружението на пензионери на местото на Лена Семенакова, која беше претседател избрана за четиригодишен мандат, а која поради здравствени причини на извршувањето на функцијата ја заменуваше Ангел Велков.

На вчера одржаното Собрание, пензионерите од Гевгелија избраа и свој претставник во Републичкото Собрание на пензионери. Изборот падна на Костадин Дагалев, кој на оваа функција ја превзема претставничката улога пред републичките собраниски тела на пензионерите од досегашниот делегат Ристо Франгов.

Познавачите на состојбите со кадровите смени во Здружението на пензионерите коментираат дека после осум години гевгелиските пензионери ја дистанцираат политичката спрега со власта. Познато е дека во 2010 година Владата од поранешниот состав со еднократна одлука го присвои фондот за пензионери и со истиот реализираше недели на бањски престој за пензионерите, платени викенди, платени скијања во зимските центри, што наиде на остра реакција од јавноста, а тогашното раководство на пензионерите од Гевгелија ја премолчаа загубата на Фондот за пензионери кој замина под капата на власта. Исто така и солидарниот фонд што го плаќаа активните примателина пензија за покривање на погребните трошоци за својот брачен партнер, заминаа во неповрат со превземањето на Фондот на пензионерите на буџетското конто на тогашната Влада. Гевгелиското пензионерско раководство и тогаш не реагираше, а граѓаните пензионери се соочуваа со неправда, да ги покриваат погребните трошоци за своите изгубени партнери, иако некои и по 20 години уплаќаа во Солидарниот фонд за погребнина за две лица, а не само за активниот пензионер.

На вчерашното Собрание делегатите избраа претседавачот со собраниската изборна седница Марија Николова да биде претседател на Собранието на пензионери во следниот четиригодишен мандат, согласно статутот на Здружението. Исто така,  беа избрани и две постојани работни комисии на Здружението на пензионери, тоа се Надзорната и Статутарната комисија кои ќе се грижат за правилното раководење и управување со Здружението за остварување на потребите и барањата на граѓаните од третото животно доба во општината.

 

Last modified on Петок, 22 Март 2019 - 21:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме

Повеќе

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде

Повеќе

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на

Повеќе

Поставување на нови успорувачи низ улиците во Гевгелија

Работна екипа на фирмата „Ве груп“ од Радовиш денешниот неделен ден е на терен

Повеќе

Зголемен прометот на ГП Богородица, полицијата дели вода на патниците

Годишноодморските смени кои се изведуваат секој десетти ден во месецот и викенд

Повеќе

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати

Повеќе

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.