Топ Новости

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

  • Сабота, Мар 23 2019

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на населбата, па ќе следува асфалтирање

 

 

Локалната патна делница Гевгелија-Негорди деновиве се приведува кон својот крај.
Од почетокот на изведбените работи, започнати во декември минатата година, до сега преостанат е последниот километар за асфалтирање.
Денеска, сабота на терен ја затекнавме механизацијата на изведувачот „Жикол“ со работниот тим кои работеа со гребалката на стариот асфалт, заедно со друга пропратна механизација која ги изведуваше своите задачи на теренот. Значи, во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на населбата. Потоа ќе следува пополнување на нерамнините на теренот, тампонирање и асфалтирање.

Досега е поставена нова асфалтна постилка во три фази: до старата управна зграда на „Винојуг“, до Негорските минерални Бањи, и третата фаза непосредно во близина на влезот на Негорци, на неколку метри од бензинската.

Целата делница е долга 6,5 километри, а вредноста на проектот е проценета на 90 милиони денари, средства кои се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.


 

Поради изведбените работи, сообраќајот на патот Гевгелија-Негорци се одвива со намалена брзина од 30 километри на час.

Фото: Локалните жители не ги оптеретуваат работите на терен, туку примамени од топлото време, некои од нив затекнавме на прошетка по пешачката патека од Негорци до Негорските Бањи

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.