Топ Новости

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

  • Сабота, Мар 23 2019

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и криумчарењето мигранти

 

 

Борбата против илегалната миграција и криумчарењето мигранти е поводот за денешната посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасоовски заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи на граничниот премин Богородица и полициските службеници на јужната граница.

- „Успешната борба против криминалот, а особено успешноста на полицијата во борбата против илегалната миграција и криумчарењето мигранти е најдобро рефлектирана во заедништвото и партнерството кое на дневна основа го применуваат полициските службеници на Република Северна Македонија и полициските службеници припадници на полициите од земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ“, изјави министерт на МВР.

Тој додаде дека полицијата секојдневно работи на барање нови модуси да се застане на патот на криминалците и да го спречиме нивното дејствување, па во МВР си поставивле цел да ги зајакнат националните капацитети.
- „Сфативме дека тоа бара мулти-дисциплинарен пристап и вистински заложби на клучните актери во процесот на сузбивање на криумчарењето на мигранти. Оттаму, под раководство на јавните обвинители и со активно партиципирање на околу 50-тина полициски службеници, пред само една година воспоставиме Task Force за криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Воспоставувањето на оваа структура беше стратешки приоритет кој успеавме да го реализираме. Од оваа перспектива можам да изразам задоволство што приоритетите се реализаат и во пракса даваат резултати“ додаде Спасовски.

Министерот нагласи дека Република Северна Македонија дели заеднички приоритет со ЕУ- отворени, но безбедни граници. Оваа цел ќе ја постигнеме со заедничко дејствување, по официјалното парафирање на Договорот со Европската гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС). Неговата, имплементација ќе биде само доказ повеќе дека нашата држава е подготвена во партнерство со ЕУ да ги штити своите и границите на ЕУ.

Спасовски и Османи освен обиколката на граничниот премин Богородица остварија и работна средба со граничните полициски сили и меѓународните екипите за спречување на илегален транзит и спречување на криумчарење на мигранти.

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.