Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Сабота, 06 Април 2019

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

 

 

Валандовскиот градоначалник Перо Костадинов како диџеј со свој музички сет во Миравци, учествуваше во хуманитарна акција која беше осмислена забава за донација на средства за Дневниот центар во Валандово, наменет за лица со попречености.

Местото на хуманитарниот настан беше кафе „Париз“ Миравци, а влезот симболичен, само 60 денари. Сепак миравчани и останатите гости на хуманитарната забава успееја да соберат 16.500 денари од синоќешната акција насловена „Да бидеме хумани“. Освен влезниците свои донаторски прилози за Дневниот центар издвоиле и фирмите „EscapeTravelAgency“ и Спортското друштво „Тихо“ од Миравци, кои на ваков начин ја искажаа својата општествена одговорност како правни субјекти во нашето општество.

Ѕвездата на вечерта, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов за медиумите изјави:
- „На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале.
Драго ми е поради идејата за овој настан, од каде собраните средства ќе се донираат за Дневен центар за лица со попреченост – Валандово. Целта е да се набават реквизити за работа кои ќе го потпомагаат целокупниот психомоторен и сензорен развој на децата. Секогаш поддржувам вакви иницијативи кои треба да ја подигнат свеста кон едно похумано, поемпатично и поинклузивно општество. Затоа, апелирам, да бидеме хумани и да ја искористиме секоја прилика за да помогнеме некому. На крајот на денот, тоа е единствено важно“

Костадинов ја почести публиката со ретро балканска музика во која публиката несомнено уживаше.

Според коментарите на социјалните мрежи, тоа е одличен пример како еден локален функционер треба да се однесува, посветено за потребите на општината, па и хуманоста како карактеристика на човештвото.

 

Last modified on Сабота, 06 Април 2019 - 19:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

Свети Трифун - заштитник на градинарите и на лозарите

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи

Повеќе

Расте листата на должници кон УЈП

Фирми во стечај, но и спортски клубови меѓу најголемите неплаќачи на данок во

Повеќе

Закон за откуп на работен стаж - мирно до пензија!

Сите оние кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.